Македонија,Крими хроника

Млад охриѓанец се борел за Ал Каеда во Сирија

Млад охриѓанец се борел за Ал Каеда во Сирија

Македонскиот државјанин Мухамед Зекири од Охрид, припадник на Ал Каида, е осомничен за терористичкиот напад во Турција пред пет дена, во кој што беа убиени двајца полицајци и еден цивил, пренесува „Дневник“.

Зекири неколку пати бил и на боиштето во Сирија. Ова 18-годишно момче заедно со уште двајца жители на Косово нападнале полициски пункт и избегале, но вчера Зекири бил уапсен.

Тројцата се враќале од Сирија кога на полициски контролен пункт на автопатот во областа Ниде наместо да застанат почнале со калашњиков да пукаат кон полицијата.