Млад скопјанец се бори за живот, бил прегазен од автомобил

Синоќа, половина час по полноќ во Скопје на ул. „Орце Николов“ се случила сообраќајна незгода во која автомобил “Пежо 107“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т. (29) од Скопје, удрило во пешакот А.Н. (21) од Скопје.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Урегнетниот Центар„Мајка Тереза“.

Истиот е задржан на „КАРИЛ“ и е во животна опасност. Увид извршила екипа од СВР-Скопје.