Млад скопјанец загина во сообраќајката кај Мавровка

Едно лице загина во синоќешната сообраќајна незгода кај Мавровка во Скопје. Во сообраќајката тешко повредени се уште деветмина, дел се пуштени на домашна нега, дел се задржани на понатамошно лекување.

Според информациите до Министерството за внатрешни работи, околу 21 часот се случила незгода на  раскрсницата од булеварот Крсте Мисирков  со булеварот Гоце Делчев.

До несреќата дошло кога се судриле три автомобили, „Југо Скала 101“управувано од  33 – годишниот Блаже И. од скопски  Илинден, „Голф“ управуван од  52-годишниот Ј.Џ. скопско Студеничани и „Фолксваген Пасат“ кој го возел 20-годишниот скопјанец  Ф.М.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Блаже, кој половина час подоцна во болница им подлегнал на повредите.

Со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците  во југото,  21-годишната И.С., 66- годишниот И.Ц. и 27-годишниот Б.Б, сите  задржани на понатамошно лекување.

Во незгодата со телесниповреди  се здобиле и сопатниците во „голф“-от и „пасат“-от  кои се пуштени на домашна нега.

По наредба на ЈО над телото на починатиот е предадено на  обдукција .

МВР работи на откривање на причините за несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.