Млад стружанец се бори за живот на Токсикологија

Млад стружанец се бори за живот на Клиниката за Токсикологија. Вчера во Полициската станица-Струга од интерното одделение на Медицинскиот центар Струга било пријавено дека на одделението било донесено затруено лице, кое не е контактибилно.

По преземени мерки било констатирано дека се работи за М.С. (33) од Струга.

Поради сериозноста на здравствената состојба, истиот бил пренесен во Одделот за токсикологија на скопскиот Клинички центар, каде е задржан за понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.