Млад тетовец тешко повреден по пад од покрив

Фото: ohridnews.com

Во тетовската клиничка болница вчера околу 10 часот бил донесен 27-годишниот тетовец со скршеница на левото рамо и повеќе набиеници на ребрата. По укажаната лекарска помош, итно е префрлен на скопските клиники.

Тетовецот П.Р. повредите наводно ги задобил при паѓање од покривот на сопствената куќа, лоцирана на улица „Јордан Златановски“ во Тетово, каде заедно со неговиот татко работеле, односно ги заменувале ќерамидите. Најверојатно поради невнимание, тој се лизнал и паднал покрај имповизирана ограда во дворот на куќата, од височина од околу 10 метри, информираат од СВР Тетово.

Веднаш до него дотрчал татко му и уште едно друго лице, негов пријател, го подигнале и го ставиле во возило, со кое го однесле во болница.

Извршен е увид на местото на несреќата, се расветлува причината за паѓањето на П.Р, околностите во кои се случило и другите поединости.