Млада девојка по третпат им избега на терористите

Младата Австралијка Џулија Монако по трет пат оваа година ја измамила смртта. 26-годишната Џулија, која живее во Мелбурн, била во трговски центар со пријател кога комбето се залетало меѓу пешаците, тие ја минувале улицата Ла Рамбла, во центарот на Барселона.

-Во секунда настана хаос. Луѓето почнаа панично да бегаат, се слушаа врисоци и плач. Дел од нив се вратија во продавниците за да се заштитат. Сите се фрлаа на под и чекаа да мине опасноста. Не смеевме да се доближиме до излогот, раскажува Монако.

-Мајка ми ме моли да се вратам дома, но не се плашам и ќе го продолжам патувањето.

Во нападот загинаа 13 лица, а речиси 100 се повредени. Одговорноста ја презеде Исламската држава.

Ова инаку е трети напад во последните три месеци откако Џулија тргнала на патување низ Европа, но тоа нема да ја сопре во намерата да го види светот.

-Не мислам да се враќам дома. Сакам да останам каде што сум, не сакам да дозволам тие – кои и да се – да победат. Ќе видам се за што сум дојдена, вели девојката.

Во јуни, Џулија била во лондонското метро кога напаѓачи со комбе се залетаа во пешаци на Лондон Бриџ и со ножеви ги нападнаа минувачите на улиците. Неколку дена подоцна, Џулија била во „Нотр дам“ кога полицијата пукаше во маж кој со чекан нападна полицаец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.