Македонија,Крими хроника

Млада жена со психички проблеми се удави во Кочанска Река

Млада жена со психички проблеми се удави во Кочанска Река

Полицијата го откри идентитетот на жената чие безживотно тело синоќа беше пронајдено во водите на Кочанска река низводно од браната Градче. Според информации од полицијата, станува збор за 35-годишната  Николинче А. од Кочани.

Нејзините блиски изјавиле дека несреќната жена која имала психички проблеми два дена ја немало дома. Според медицински лица, од моментот на смртта на Николинче А. до нејзиното пронаоѓање во водите на Кочанска река поминале не повеќе од два до три часа.

Телото на жената ќе биде предадено на обдукција за да се утврдат причините поради кои настапила смртта.