Младенци уплатиле лото ливче за секој гостин на свадбата

Милица и Драган Пилиповиќ од Нови Сад го изговорија судбоносното „ДА“ минатиот викенд, а на гоститена венчавката им приредија големо изненадување.

Со оглед на тоа дека 29. август бил најсреќниот ден во нивниот живот, тие внимателно ги испланирале сите детали за нивната свадба, па не ги испуштиле ниту гостите.

Наместо бонбони и чоколадни кекси, гостите во знак на благодарност на масата ги чекало уплатено лото ливче за претстојното коло.

„Креативен директор“ на оваа идеја е самата невеста, која подготовките за свадбата ги почнала во јануари веднаш по веридбата.

-За организацијата околу венчавката се информирав на Интернет и од магазините. Идејата со лото ливчињата мислам дека некаде ја прочитав, но веќе не се сеќавам каде. Му ја предложив идејата на Драган, а нему му се допадна, вели Милица.

Иако можеле на компјутерот да му го препуштат автоматскиот избор на броеви, тие не го сториле тоа.

-Седевме заедно со пријателите една вечер и пиејќи кафе ги пополнивме сите 330 лото ливчиња, едно по едно. Бидејќи извлекувањето е во вторник моравме на денот на венчавката да ги уплатиме ливчињата, додава таа.

lotoСедмица за жал не била извлечена во тоа коло, а среќните младенци кои моментално планираат меден месец еден роднина израдувале со петка, додека останатите гости  воглавно имале по три или четири погодоци.

Оваа идеја на крајот изгледала како полн погодок, со оглед на тоа дека гостите и седум дена по свадбата зборуваат за лудата журка и лото изненадувањето.