„Млади амбасадори“ – Нов одличен проект за средношколците

Нова мерка за млади, која е наменета за средношколците кои ќе  освојат награда на една од 12-те меѓународни научни олимпијади, најави денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Во рамки на новата мерка наменета за младите, наречена „Млади амбасадори“ средношколците кои ќе  освојат награда на една од 12-те меѓународни научни олимпијади ќе добијат годишни стипендии, кои ќе ги примаат 12 месеци.

За освоен златен медал, средношколецот ќе добива по 12.000 секој месец цела година. За освоен сребрен медал на добитникот ќе му се исплаќаат по 10.000 денари 12 месеци. Средношколците кои ќе освојат бронзен медал, 12 месеци ќе добиваат по 8.000 денари, истакна Груевски.

Лидерот на владејачката партија потенцира дека истата награда што ќе ја прими ученикот, ќе ја прима и наставникот по математика кој го водел ученикот и го довел до ниво за меѓународна награда.

На меѓународните научни олимпијади учествуваат по 4-5 средношколци од секоја земја. Учесниците се избираат според остварениот резултат на научната олимпијада во Република Македонија. На сите средношколци кои ќе ги освојат високите места на домашниот натпревар ќе им биде доделен ваучер од 30.000 денари, додаде Груевски.

Оваа мерка ќе ја спроведува Министерството за образование и наука, а истата ќе започне од месец октомври оваа година.