Млади архитекти ќе креираат архитектонски решенија за плоштадот во Струга

Во рамки на проектот „Градот никогаш не спие“,петнаесеттина млади студенти по архитектура, искусни архитекти и дизајнери од Европа, до крајот на месецот ќе работат на новото архитектонско решение на градскиот плоштад во Струга и центарот на градот.

Креативната работилницата  во рамки на овој проект на која ќе се изработуваат идејните решенија за подобар изглед на Струга ќе трае до 30.април.
 Во креирањето на  новите урбани решенија за строгото централно градско јадро ќе бидат вклучени и граѓаните.
Проектот „Градот кој никогаш не спие“ го реализира асоцијацијата „Креативни и активни“ со поддршка на Фондот за развој „Принц Клаус“ од Холандија и  во соработка со општина Струга.