Млади и докажани кадри: Ова се членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО)

Освежување на партиските редови од комбинација меѓу искусните и новите кадри, за нови и поголеми успеси. ВМРО-ДПМНЕ синоќа го избра новиот состав на Извршниот Комитет. Во него членуваат еминентни професори, угледни граѓани и експерти во својата област кои се докажани професионалци.

Балансот на млади и докажани кадри на партијата се очекува да дадат нова сила и енергија во наредниот период, особено во пресрет на престојните локални избори.

Ова се дел од новите членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој беа едногласно избрани на Централен комитет во партијата.

Дејан Јовановски е етаблиран македонски спортист, кошаркар и репрезентативец. Покрај својата богата спортска кариера со голем број освоени титули, неговите успеси и залагање за македонскиот спорт не запираат тука. Тој како директор на Државната спортска академија има огромен придонес за развојот на македонскиот спорт преку едукација и изградба на младите спортски таленти во вистински професионалци кои како такви ќе ги браната боите на државата и со своите успеси ќе ја промовираат државата. Спортските академии веќе ги покажуваат почетните резултати и успеси во сите свери со големиот број на спортски успеси кои нашите репрезентации како и клубови ги имаат во изминатиот период.

 

Џери Наумоф е претставник на македонската емиграција во Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. По потекло е од битолското село Ѓавато, но порансал во Колумбус Охајо во големо емигрантско семесјство. Тој од најрани години работел на различни позиции во семејниот ресторан  каде се стекнал со работна навика се до своето запишување на Колеџот за бизнис маркетинг и бизнис администрација при Универзитетот Ball State Universityкој го завршил во 1980 година. Основач и претседател е на успешната консултанска компанија ,,Наумоф Груп ИНК’’ во Чикаго, Илионоис, која е дел од алијанса на пет партнери кои менаџираат над 200 компани од различни индустрии  во САД. Тој како министер за странски инвестиции во владата на ВМРО-ДПМНЕ е еден од најзаслужните за огромната експанзија на странски инвестиции во државата и намалувањето на невработеноста како на пример отворање на фабирката во  „Цереметал“ во Битола која во рок 5 години ќе вработува над шестотини лица.

Славчо Трпевски е дипломиран правник и директор на Агенцијата за катарастар и недвижности. Тој како директор на Агенцијата за катастар и недвижности  имаше огромен број на успешни проекти кои им ги олеснија животитите на граѓаните, ја подобрија работата на државниот катастар и ја зголемија довербата на граѓаните кон оваа институција. Од големиот број на успешни проекти и иновации во агенцијата клучни се создавањето на електронски катастар и користење на услугата Е-ШАЛТЕР со што Македонија стана лидер во технолошките иновации во оваа свера во регионот па и пошироко, проектот за легализација на дивоградби на граѓаните со која околу 100 илјади  семејни домови беа легализирани, како и бесплатните елаборати за преку 5000 граѓани кои долго време немале можност да добијат имотен лист. Тој е пример за како квалитетно и посветено треба да се раководи со една државна институција и таа да биде во служба на граѓаните.

Д-р Игор Г. Николов е вистински експерт во својата фела.Тој како стипендист на агенцијата за интернационална размена на француската влада, во 2006 година завршил магистерски студии на Универзитетот Пикарди во Амиенс, Франција и се стекнал со титулата Магистер по Медицински науки, а како како стипендист на Француското здружение за нефрологија, во Декември 2009 година завршил докторски студии на Медицинскиот факултет при Универзитетот Пјер и Марија Кири – Париз 6 (рангиран 6ти во ЕУ) и се стекнал со титулата Доктор по Медицински науки. Д-р Игор Николов како дел од тимот за трансплантација од Клиниката за нефрологија има огромна заслуга за подигнување на свеста за донирање на органи кај лекарите, граѓаните како и пациентите, со што придонесува за зголемување на бројот на извршени трансплантации на клиниката за нефрологија. Меѓудругото Д-р Николово  е помлад асистент на Медицинскиот факултет во Скопје по Интерна медицина од 2003 година, а е реизбран во 2009 година.

Анета Стојановска-Стефанова е родена на 28.01.1982 год. во Штип.  Основно образование завршилa во Основно училиште „Димитар Влахов” – Штип  каде е прогласена за најталентиран ученик на генерацијата ’95/’96. Средно образование завршува во Гиманзија “Славчо Стојменски“-Штип со одличен успех. За време на средношколскиот период е потпретседател на Унијата на средношколци на Македонија.Образованието го продолжува како редовен студент на Правниот Факултет “Јустинијан Први“ во Скопје, на Отсекот за Политички науки.Во својата работна кариера работела како шеф на кабинет во ЈП Водовод-Скопје, државен советник во Министерството за транспорт и врски на Република Македонија, а моментално е универзитетски асистент на Универзитетот “Гоце Делчев“-Штип, научна област Меѓународни односи и исто­ри­ја на дипломатијата.

Златко Перински е магистер по човечки ресурси. Од 2014 година е избран за директор на Спортскиот Центар Борис Трајковски. Член е од 2002 година во ВМРО-ДПМНЕ и станува потсекретар на партијата. Од неговото доаѓа на позиција  директор на СЦ Борис Трајковски до денес во спортскиот центар се случија низа промени и новини – една од најзначајните е ребрендирањето на капацитетите под брендот Оне. Вип. Тој како директор придонесе  и воспостави нови попривлечни цени за сите оние кои сакаат да се занимаваат со спорт, започнаа со работа четири отворени тениски терени, се изврши поделба на Вип Арената односно овозможиме тренинг и рекреација на три различни терени во познатата Вип Арена.

Ане Лашкоска е родена на 24.2.1978 година во Прилеп. Дипломирала на Природно-математички факултет – инженер по хемија. Од 2009 до 2011 член на ИК на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, член на ОК Прилеп, а пратеник во Собранието на РМ од 2011 година до денес.

Дијана Транталовска е родена во Ресен во 1960 година. Нејзин татко е Владо Транталовски, близок соработник на идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски и воедно највозрасен жив основач на партијата. Транталовска е исто така дел од пионерите во основањето на партијата, долгогодишен промотор на идологијата на ВМРО-ДПМНЕ. Член е на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Ѓорѓиев е роден на 16.03.1982 година во Скопје. Магистрирал на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, на студиите по деловно право. Во претходните 5 години ја извршуваше функцијата портпарол на Владата на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.