Млади Косовци го запалија знамето на ИСИС

Група млади Косовци го запалија знамето на ИСИС, со што се приклучија кон глобалната инициатива за палење на знамето, која започна во Либан.

Младите, кои се членови на најголемата косовска партија, Демократската партија, знамето го запалија пред споменикот на Скендер бег во Приштина.

– На овој начин сакаме да го искажеме нашето противење кон грозоморните дела што ги прави ИСИС. Ние на Косово сме Албанци, ги почитуваме ралигиите како наше национално богатсво и во никаква форма во нашето општество нема да биде добредојдена екстремната верска струја, која му се заканува на мирот и меѓуверската и меѓубратска толеранција, порача Триумф Садику.

Косово во последните месеци е во центарот на вестите ширум светот поради вклученоста на голем број Косовци во борбите во Сирија и Ирак.