Младите да се сконцентрираат на технички струки, МОН ќе продолжи да ги стипендира

Компаниите од слободните економски зони работат со полна пареа, а бројот на странски инвестиции се зголемува. Се зголемуваат и нарачките од странство, а зголеменото производство на домашните и странските компании повлекува и отворање на нови работни места. Но, голем број од тие работни места се од техничките струки.

Спротивно на тоа, бројот на млади лица кои се одлучуваат да ги изучуваат техничките струки, останува многу малку променет. Сепак, позитивно е тоа што бројката сепак се поместува.

Владата, Министерството за образование и наука,  но и бизнис заедницата во Македонија апелираат до младите да се запишуваат на технички струки, бидејќи пазарот на труд има голема потреба од нив со оглед на тоа што овие струки се дефицитарни, а побарувачката за таков кадар е голема.

Ако во изминатиот период сме сведоци на се поинтензивно присуство на странски инвеститори и развој на и зголемување на капацитетите на домашните компании, можеме да констатираме дека потребите на тие компании се повеќе укажуваат на неопходна потреба од стручен кадар во рамки на техничките струки, од техничките факултети или со средно стручно образование, вели Ристовски.

Во изминатиот период Владата и Министерството за образование и наука спроведе низа мерки, за да ги провлече младите да се запишуваат и да ги изучуваат техничките науки. Мерките започнаа да ги таргетираат младите во нивното основно и средно образование, со цел да се поттикне свеста и желбата за техничките науки.

Министерството за образование и наука во изминатиот период како и периодот што следува спроведува низа на реформи кои што се однесуваат на директно реформираше на принципот и начинот на организација на три годишното и четири годишното стручно образование, изработка на комплетно нови наставни програми  и истовремено обезбедување на стручна литература која што на учениците, средношколките и студентите ќе им овозможи поголем фонд на информации со кои што тие би обезбедиле свое поголемо знаење а потоа и своја конкурентност, вели заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Бројот на студенти кои што се запишеле на факултетите со техничко образование е зголеми за 10%, споредбено со изминатите 5 години кога околу 20% од студените се запишувале на технички струки.

Годинава веќе имаме над 30% што за нас е потврда дека апелот од страна на министерството, Владата и секако развојот свеста кај младите се повеќе се зголемува во насока на стручните образование а со тоа веројатноста за нивно работно ангажирање е многу поголема, додава тој.

Потребата од технички кадар во иднина нема да се намали, напротив ќе се зголеми, па така мерките за стимулирање на младите да се запишат на технички струки ќе продолжат да се спроведуваат.

Потребата од техничките кадри е некаде над 70 проценти од сите објавени огласи, вели Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Податоците на АВРМ велат дека компаниите имаат најголема потреба од машинобравари, ракувачи со дигалки, водоводџии, готвачи, заварувачи, кранисти. Затоа и платите за овие дефицитарни струки се движат од 500 до 1.500 евра.

И во иднина, МОН ќе продолжи да ги стипендираат студентите кои се запишуваат на техничките факултети, студентите запишани на студиски програми по информатика, природно-математичките, техничко-технолошките и биотехничките науки.