Млади тетовци се испотепале поради девојка

Девојка била причнината за крвава тепачка меѓу две групи тетовци, едно лице заврши во болница.

Едно лице заврши во болница откако се здоби со повреди од нож во тепачка поради девојка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера, околу 19 часот две групи млади тетовци се степале на паркинг.

Притоа во тепачката со нож четиринаесет годишно лице од село Голема Речица било повредено, и истиот е пренесен во Клинички центар Тетово за укажување лекарска помош.

Повредениот бил нападнат од 15-годишниот А.А. поради љубовна врска.

По целосно расчистување на случајот против малолетниот насилник  ќе биде поднесен соодветен поднесок.