Младиќ осуден на доживотен затвор, откако беше отстранет од судницата

Поранешниот командант на силите на босанските Срби, Војската на Република Српска, генералот Ратко Младиќ,  прогласен е за виновен за геноцидот во Сребреница и другите воени злосторства во Босна и Херцеговина, и осуден е на доживтен затвор, откако претходно, беше остранет од судиницата на Хашкиот трубунал, бидејќи негодувал поради одлуката на Судскиот совет да го продолжи читањето на пресудата.

„Советот Ве осудува на казна доживотен затвор“, изјави претседателот на Судскиот совет, Алфонс Ори, по читањето на пресудата по 11-те точки од обвинението.

Младиќ е прогласен за виновен по 10 точки од обвинението, а ослобдоен е по една точка, која се однесува на геноцид во шест општини во Босна и Херцеговина,

Судскиот совет утврдил дека Ратко Младиќ не е виновен по точката 1: геноид во шест општини, но дека е виновен како учесник во разни з,лосторнички пофати.

Виновен е за точката 2 – геноцид, точката 3 – прогон и злосторство против човечноста, точката 4 – истребување, злосторство против човечноста, точката 5- убиство, злосторство против човечноста, точката 6 – убиство, кршење на законите и обичаите на војување, точката 7 – депортирање, злосторство против човечноста, точката 8 – нехумано и принудно раселувње, точката 9 – тероризирање и кршање на законите и обичаите на војување, точката 10- противправен напад врз цивили и точката 11- земање заложници, кршење на законите и обичаите на војување.

Констатирано е дека доказите не одат во прилог на заклучокот дека кривичното дело геноцид било дел од целта на сеопфатен здружен злосторнички потфат.

Сусдењето на Ратко Младиќ започна на 16-ти мај 2012 година, а заврши на 15-ти декември 2016 година.

Претходно Младиќ беше отстранет со помош на припадниците на судската стража, по налог на претседателот на Судскиот совет на Меѓународнот кривичен суд за поранешна Југославија во Хаг, Алфонс Ори.

Натамошното соопштување на пресудата, Младиќ можеше да го седи од специјална просторија преку монитор.

Судијата Ори претходно објави дека паузата во соопштување на кусите црти од пресудата за Ратко Младиќ потрајала подолго, бидејќи Судскиот совет така бил советуван од лекарот така да постапи.

Бранителот на Младиќ, Драган Иветиќ рече дека во текот на пауата на Младиќ трипати му бил мерен крвниот притисок и дека првпат инесувал 175/76, вториот пат 180/80 и третиот 180/80.

„Тоа се вика криза на хипертензијата и бараме или да го прекинети заседавањето или да се откажете од читањето на резимето и да ја прочитате пресудата, за да се намали ризикот по здравјето на Младиќ, имајќи го предвид високиот крвен притисок, бидејќи може да биде животно загрозен“, рече Иветиќ.

Судијата му одоговири дека веќе добил информација дека на Младиќ третиот пат пририсокот му бил 170.

По одлуката да продолжи со читањето на пресудата, Младиќ негодуваше со извиците „Лага, лага“ по што беше отстранет од судницата.

Претседателот на Судскиот совет Алфонс Орие рече птетходно дека нема докази дека целта на здруженот злосторнички потфат за кој се товари Ратко Младиќ бил геноцид.

„Советот утврди дека постоел здружен потфат муслиманите и Хрватите трајно да се отстранат од територијаа, со депортација, присилно иселување, застрашување… Оценувајќи ги изјавите и однесувњето на политичкото раководство на БиХ и на Србите, доказите не одат во прилог на тоа дека геноцидот бил зел на дружениот злосторнички потфат“, рече Ори.

На почетокот од читањето на пресудата Ори наведе дека го соопштува само резимето дека ги изнесува заклучоците на судскиот совет и фактичките и правни констатации.

Судијата претходно ги прочита заклочоците кои се однесуваат на повеќе точки од обвинението наведувајќи дека Советот утврдил дека физичките извршители ги извршиле своите дејствија кои по дефиниција се геноцид над босанските муслимани во Сребреница.

Тоа, како што речл, имале намера да ги уништат муслиманите во Сребреница коишто сочинувале дел од заштитена група. „Над нив се сторени кривични дела геноцид, истребување, преместуање, убиства“, рече судијата.

Судскиот совет, со исклучок на судијата Ори, не нашол дека имало геноцидни намери во шест општини – Фоча, Кључ, Котор варош, Сански Мост, Власеница, кои во обвинението беа наведени под точката 1.

Рече, исто така, дека Советот констатирал дека во повеќе општини е извршено депортирање и присилно преселувње, како Бањалука, Бијелиња, Фоча, Илиџа, Нови Град, Пале, ПРиједор, Рогатица, Сански Мост, Соколац, Власеница.

Советот, додаде Ори, констатирал дека се извршени злосторства против човечноста и масовни погубувња на босанските муслимани, дека извршителите покажувале малку или воопшто хуманост и нечовечни постапки.

Во логорите, според наводите, немало доволно храна и вода, санитарните услови биле лоши, затворениците претепувани понекогаш и со метални боксери, принудувани меѓусебно да се силуваат и меѓусебно под присила да вршат други полови дејствија.

Ори наведе дека многу муслиманки биле силувани, од кои некои имале само 12 години.

Кога станува збор за точката од обвинението коешто се однесува на Сараево, Советот според судијата Ори, утврдил дека припаднциите на Сараевско-романискиот корпус ширеле терор и го заплашувале населението, дека извршиле убиства на цивили и злосторства против човечноста.

Од средината на мај 1992 до ноември 1995 година намерно бло гранатирано и гаѓано со снајперски истрели населението во Сараево и тоа често на локациите каде што имало малку или воопшто немало воени објекти. Многу од нив се убиени додека шетале со деца, оделе во продавница… На Маркала се убиени 48 цивили а ранети најмалку 140, беше прочитано.

Кога станува збор за Сребреница, припаднциите на српските сили убиле неколку илјади босански муслимани за само неколку дена, кои претходно ги измачувале, пцуеле и ги терале да пеат српски песни, рече Ори.

Советот утврдил дека физичките изврпители сториле дејствија од геноцид над босанските муслимани, прогон, убиства, како и нехумано дело на принудно преместување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.