Младиќ сведок на судењето на Радован Караџиќ

Поранешниот водач на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ денеска би требало да  се појави како сведок на судењето на Радован Караџиќ, воен претседател на Република Српска.

Двајцата се пред судот во Хаг поради обвинувања за геноцид во Сребреница, прогон на хрватското и бошњачкото население, терор над жителите на Сараево, како и држење на припадници на УНПРОФОР како заложници, јавува Бпортал.

Хашкиот трибунал во декември издаде обврзувачки налог за сведочење на Младиќ, кој пред тоа ја одби поканата од Караџиќ. Адвокатот на Младиќ истакнува дека неговиот клиент пред судот ќе каже дека поради здравствени причини не е способен да сведочи.

Караџиќ уште претходно најави дека планира Младиќ да го праша дали некогаш го известил дали биле или ќе бидат заробениците од Сребреница убиени и дали знаел дека граѓаните на Сараево се изложение на снајперско делување и гранатирање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.