Младински камп на островот Утоја четири години по масакрот

Четири години по крвавиот масакр на норвешкиот остров Утоја, кога десничарскиот екстремист Андерс Брејвик уби 69 лица, стотици млади политички активисти се собраа и организираа младински камп.

Поминав низ многу лош период, кога ги загубив блиските пријатели во стравичниот напад на 22. јули 2011, но вистинско време е таму да се вратам со пријателите, вели Свер Аутаус, еден од преживеаните.

Над 1.000 млади во кампот

Над 1.000 млади се запишаа за викенд семинар на политичките и социјални активности, во организација на подмладокот на левичарската Лабуристичка партија, која е сопственик на островот.

brejvik

Брејвик: Сторив гнасно, но неопходно дело

masakrНа првото сослушување по апсењето, Брејвик призна дека на островот Утоја извршил убиство на 77 цивили, нарекувајќи го своето дело „гнасно, но неопходно“, велејќи дека тоа што го сторил не е кривично дело и оти тој поради тоа не сноси кривична одговорност.

Тој за себе тврди дека е член на меѓународна антиисламска мрежа, која има две келии во Норвешка. Полицијата ја доведуваше во прашање веродостојноста на наводите на Брејвик.

Споменик во чест на жртвите на Брејвик

Норвешка минатата година реши да изгради споменик во чест на 77-те жртви на монструмот Андерс Брејвик.

Шведскиот уметник Јонас Далберг Дело е победник на Меморијалната награда 22 јули во Норвешка која се доделуваше на идеи за споменик.

Далберг предложи да се исече парче од 1.000 кубни метри од карпа на островот Утоја, каде Андерс Беринг Брејвик изврши масовно убиство, за да се остави вечна трага во пејзажот.

Потоа, парчето камен ќе се однесе на местото каде Брејвик ја детонираше бомбата во централно Осло, каде од него прво ќе се направи меморијална патека, а потоа и постојан амфитеатар насловен “Време и движење”.

1

2

3

 

 

 

Имено, радикалниот Норвежанец Андерс Брејвик, кој пред четири години на островот Утоја изврши масакр во кој уби 69 млади, а истовремено изврши и напад со автомобил-бомба во близина на Владата при што починаа осум лица излежува затворска казна во времетраење од 21 година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.