Младиот Давор Петровски втор на пливачкиот митинг во Љубљана

Младиот Давор Петровски го освои второто место на Меѓународниот митинг Куп на Љубљана во Словенија, на кој настапија вкупно 786 пливачи  од Србија, Хрватска, Словенија, Италија, Турција, Бугарија, Романија и Македонија.

Давор се натпреваруваше во категорија Д (пливачи родени 2000 година) и успеа да го освои второто место на 100 метри делфин, постигнувајќи време од 1:06.08 минути.

Андреј Ивановски, во категорија Ц (пливачи родени 1998 година) се пласира во финалето во својата конкуренција во дисциплината 50 метри градно, остварувајќи резултат од 34,28 секунди.