Спорт

Младиот Ферстапен ќе стане најмлад возач во во Формула 1

Младиот Ферстапен ќе стане најмлад возач во во Формула 1

Макс Ферстапен, синот на поранешниот возач во Формула 1, Јос Ферстапен, ќе стане најмладиот возач во историјата на Формула 1.

Макс Ферстапен неодамна му се приклучи на јуниорскиот тим на Ред Бул и идната година ќе дебитира во Ф1 со само 17 години и 164 дена. Холанѓанецот за две години ќе го собори рекордот на Шпанецот, Хаиме Алгерсуари, кој во 2009 година дебитираше во Ф1 со само 19 години и 125 дена.

Ферстапен постариот е најпознатиот Холанѓанец во Ф1, возеше за Бенетон, Симтек, Футворк, Тирел, Стујарт, Ероуз и Минарди. За двеет години извозе 106 гран-при трки, а најдобри резултати имаше во деби сезоната во Унгарија и Белгија, кога стигнуваше до третото место.