Младиот Зверев го совлада во римското финале Ѓоковиќ

ANSA/CLAUDIO ONORATI

Дваесетгодишниот тенисер од Германија Алекснадер Зверев го неделата во Рим го оствари својот најголем успех во досегашната кариера освојувајќи го трофејот на турнирите Мастерс 1000 серијата, откако во мечот за титулата го совлада моментално вториот тенисер на светот и четирикратен победник во Рим, Србинот Новак Ѓоковиќ со 6-4 и 6-3.

Со тоа Зверев стана најмладиот победник на Форо Италика од Рафаел Надал кој во 2006 година својата прва од рекордните седум титули ја освои како 19-годишник.

Зверев доминираше во текот на целиот дуел, во кој некогаш најдобриот тенисер на светот го остави без ниедна шанса за „брејк“. Така, одземениот сервис на Ѓоковиќ  на почетокот на мечот му беше доволен за освојување на првиот сет, а уште два „брејка“ за 2-1 и конечните 6-3 во вториот сет, му го донесоа третиот трофеј во 2017 година, а четврти во кариерата.

Зверев ја освои наградата од 820.,035 долари и 1.000 бодови кои му носат напредување на десеттото место од поединечната АТП листа, што му е првото влегување во „првата десетка“.

Зверев воедно стана првиот германски тенисер од Томи Хас и неговиот триумф во Штутгарт во 2001 година, кој дошол до титула на турнирите од Мастерс 1000 серијата. Покрај нив двајца, само уште двајца германски тенисери освојуваа титули на мастерсите, Борис Бекер пет пати и Микаел Штх двапати.

Новак Ѓоковиќ остана на четири титули во Рим, 30 мастерс победи и 67 титули во кариерата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.