Младите имаат уникатна можност да дојдат до свој сопствен дом

Со проектот „Купи куќа за млади“ се нуди уникатна можност да се поддржат младите до 35 години да дојдат до свој дом. Поддршката доаѓа во првите години кога се најпотребни парите и се нуди еднаш во животот. Од разговорите со граѓаните за проектот „Купи куќа, купи стан“ констатиравме дека има потреба од креирање на нов проект кој ќе им овозможи на младите да дојдат до сопствен дом, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, пренесува Лидер.

Низ разговорите со младите, сфативме дека има потреба од нов проект, кој ќе ги опфати младите на кои во почетокот на кариерата, кога немаат заштеди, ќе им помогне. Го понудивме овој проект „Купи куќа за млади“ со што ги подобривме условите, рече Ставревски.

Расте интересот за проектот „Купи куќа за млади“

Според надлежните, интересот за проектот „Купи куќа за млади“ ги надминува очекувањата. Граѓаните секојдневно се информираат во канцелариите во 33-те општини, додека во канцеларијата во Министерстовото за финансии, дневно околу 80-ина граѓани доаѓаат за да се информираат за можностите кои им се нудат.

Поволната поддршка што ја дава државата е олеснување за граѓаните во плаќањето на ратите од кредитот или во покривањето на учеството, а тоа го прави овој проект, со своите два модели, примамлив за младите.

Преку првиот модел, државата ја субвенционира ратата во период од 11 години. Во првите 8 години, поддршката изнесува 80 проценти од месечната рата, а во следните 3 години државата ќе покрие половина од ратата. Максималниот износ за кредитот е 50 илјади евра.

За 30.000 евра кредит доаѓа рата од 200 евра месечно. Првите 8 години, Владата покрива 160 евра од таа рата, а 40 евра плаќа граѓанинот. Значи 8 години само по 40 евра плаќа младиот човек кој сака преку овој проект да го реши прашањето за сопствен дом, а Владата секој месец покрива по 160 евра за ратата од 200 евра. Потоа 9-тата, 10-тата и 11-тата година од враќањето на кредитот, 100 евра покрива Владата, 100 евра граѓанинот. Потоа по 12-тата година до 20-тата, целиот износ од месечната рата си го покрива граѓанинот. Тоа е првиот модел преку практичен пример за тоа што значат тие 80 и 50 отсто. Тоа е голема огромна поддршка за луѓето кои сакаат да дојдат до сопствен дом, објаснува вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Вториот модел од проектот е наменет за луѓето кои немаат пари за учество, но со своите приходи можат да ја покријат месечната рата. Во овој случај, државата целосно ќе го покрие учеството за станбениот кредит (25% од кредитот). Тоа значи дека за 50 илјади евра, поддршката изнесува 12.500 евра.

Кога одите во банка и барате станбен кредит од 30.000 евра, банката ќе побара сопствено учество. Тоа отприлика се движи 25 отсто од висината на кредитот, значи за кредит од 30.000 евра тоа е околу 7.500 евра. Тие ги дава Владата. Ако кредитот е поголем и е 50.000 евра, тоа се 12.500 евра учество, кои ги даваме 100 процентно, објаснува Ставрески.

Општините подготвени за проектот (повеќе за ова на следната страница)