Младите лекари во Англија во штрајк

Младите лекари во Англија во штрајк
Младите лекари во Англија во штрајк

Младите лекари во Англија, стапија денеска во 24 часовен штрајк, незадоволни од одлуката на британската влада да се променат нивните работни договори.

Младите лекари и нивниот синдикат ги оценуваат новите договори, како „нефер и нечесни за нив„ и како небезбедни за нивната иднина.

Денешниот штрајк е првиот од двата што се најавени во следните недели, доколку владата не се откаже од своите намери. Тој почна денеска и покрај повикот во последен момент на премиерот Дејвид Камерон, да се откаже штрајкот затоа што од него штета ќе имаат само пациентите.

Болниците низ Англија веќе јавуваат дека имаат проблеми во работењето и дека морале да се откажуваат за денеска планираните третмани и терапии.

Според сознанијата на британското јавно здравство (НХС) во англиските болници досега биле откажани повеќе од четири илјади интервенци и разни терапии.

Британската медицинска асоцијација, меѓутоа, засега одбива да ги повика младите лекари да се вратат на работа, објаснувајќи дека штрајкот сепак не предизвикал поголеми инциденти во дневното работење на болниците.

Штрајкот се организира откако синдикатите и владата не усепаја да се спогодат околу договорите за плаќање на работењето на младите лекари во текот на деновите од викендите, како и околу нивното напредување во кариерата и за заштитните мерки за младите лекари од опасноста да бидат преангажирани во викендите.

Владата се брани дека морало да се определат стандарди за работењето во деновите од викендите.

Само во Англија, има 55 илјади млади лекари, што претставува една третина од целиот медицински персонал.