Младите од Битола со порака до СДСМ: Ви ги знаеме визиите, немој да сеете ветер и магла

Младите на ВМРО-ДПМНЕ од Битола од пред штедилницата ТАТ потсетуваат на  визијата на СДСМ, не само за младите, туку за сите жители на Битола.

Нивните визии се следните: Проневерени и во неповрат загубени чесно заработени и заштедени стотици милиони денари. Илјадници граѓани ограбени.  Затворени фабрики и родители без работа. Скапо образование достапно само за привилегираните, без државни стипендии и со визни бариери.  Младите кои имаа желба да се занимаваат со земјоделство наместо поддршка, добиваа презир и потсмев.  Киното и театарот беа луксуз, а спортските сали и терени или беа руинирани или не постоеа. Од името на сите наши млади сограѓани им порачуваме на визионерите од СДСМ да не си го губат времето во Битола сеејќи ветер и магла, вели Бојан Димовски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Во Битола, велат тие,  поддршка добиваат идеите кои носат конкретни резултати и подобро утре за сите, а најмногу за младите луѓе.