Младите писатели против Законот за двојазичност

Млади писатели кои беа дел од таканаречената Шарена револуција удрија по Законот за јазиците, кој СДСМ упорно го турка. Според нив законот се носи со игнорирање на мислењето на пошироката јавност.

Имено тие истакнаа дека се против донесување на законот за двојазичност во Македонија.

„Значи јас бев од оние кои ги поддржаа трите професорки кои беа најгласни. Значи ги поддржав на социјалните мрежи. Сметам дека овој закон е првенствено неуставен, зборам конкретно за законот за употреба на јазиците односно на албанскиот јазик. Второ сметам дека е премногу избрзан. За да се донесе еден таков закон пред се треба да се консултира стручната јавност. Колку што ми е познато тоа го нема направено никој од власта“, вели младиот писател Петар Андовски.

 

Писателот Игор Станојоски смета дека самата официјализација на албанскиот јазик веднаш го загрозува по автоматизам статусот на македонскиот јазик.

 

„Затоа што според мене воопшто не е исто да се биде единствен официјален јазик во Македонија како што е сега македонскиот и во блиска иднина евентуално да биде еден од официјалните јазици. Единствен официјален јазик и еден од официјалните јазици тоа не е иста работа. Така што јас воопшто не го поддржувам законот за така како што го викаат законот за употреба на јазиците така можеби еуфемистички се вика, а всушност се работи за воведување двојазичност“, вели Станојоски.

Според Фросина Пармаковска можеби не требаше да се случи тој закон на начинот на кој се донесе неговото спроведување.

„Затоа што беше игнорирана пошироката јавност. Првенствено беа игнорирани експертите кои што сами доброволно се јавија со свои мислења и анализи. Моето мислење е тоа дека беше некако донесе нетранспарентно. Транспарентноста беше една од основните вредности за кои се боревме сите кои што сакавме промени, смета Пармаковска.

Писателот Живко Гроздановски пак вели најмногу му пречи тоа што предвидува употреба, злоупотреба на многу финансиски средства.