Магазин

Младите повеќе го слават Валентин, но со добра чашка вино

Младите повеќе го слават Валентин, но со добра чашка вино

Скопските ресторани и кафулиња беа преполни во саботата вечерта кога се прославуваа денот на вљубените и празникот на виното.

Покрај младите, можноста за добра забава не ја пропуштија ниту повозрасните, кои во поголем број традиционално го прославија православниот празник Свети Трифун.

Угостителите велат дека во саботата вечерта нивните објекти биле преполни со гости на секоја возраст и дека тој ден имало значително повеќе работа во однос на останатите денови. Оттаму додаваат дека гостите уживале во комбинацијата на добро вино и романтична вечера, но потенцираат дека сепак младите се оние кои поголемо значење му дале на денот на вљубените. Сепак и младите славејќи го овој католички празник, не ја пропуштиле шансата да се напијат и по некоја чашка квалитетно вино. Покрај виното и романтичната вечера тука биле и подароците како симбол на нивната љубов.

Повозрасните, пак, во поголем број годинава го прославиле православниот празник, кога се слави Богот на виното и кога се закројува лозјето.

home~bc5lMs~qqR8HW_j