Младите српски фудбалери се шампиони!

Репрезентацијата на Србија е победник на Мундијалот за фудбалери до 20 години кој утрово заврши во Нов Зеланд.

Во финалето, избраниците на селекторот Вељко Пауновиќ, кој е роден струмичанец, со 2:1 го совладаа фаворизираниот Бразил и тоа по дури 120 одиграни минути. По основните 90 минути резултатот беше 1:1, пренесе МИА.

Станиша Мандиќ погоди во 70. минута, а само три минути подоцна Андреас Переира израмни.

Во продолженијата клучниот момент се случи во 118.минута кога Немања Максимовиќ постигна погодок за Србија (118). Тоа се покажа како гол вреден златен медал на планетарниот собир.

Во борба за третото место, Мали со 3:1 го победи Сенегал