Македонија

Младите во Македонија пушат цигари повеќе од своите врсници

Младите во Македонија пушат цигари повеќе од своите врсници

Младите во Македонија пушат многу повеќе цигари од своите врсници во светот. Фондот за здравствено осигурување денеска презентираше алармантни резултати за оваа зависност кај младата популација во земјава, пишува Здравство24.мк.

Според податоците кои за прв пат се објавуваат, а се добиени од проектот за превентивни здравствени прегледи кај матичните лекари дури 27,1% од младите на возраст од 14 до 24 години или околу 30.000 млади лица се пушачи.

Со ова младите во Македонија го надминуваат меѓународниот просек за пушачи кој изнесува 22% и секоја година се намалува. Од друга страна 0,1% или 112 лица од истата популација признале дека се корисници на опојни дроги.

Лекарите предупредуваат доколку овие навики не се прекинат, понатаму во животот ќе предизвикаат сериозно нарушување на здравјето на овие млади лица.