Младите земјоделци од Кавадарци и Росоман ќе добијат финансиска поддршка

Голем интерес пројавија млади земјоделци од општините Кавадарци и Росоман за започнување на земјоделска дејност со помош на програмата за финансиска поддршка во земјоделството за оваа година, информира Божанка Кузманова, самостоен референт при работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Кавадарци.

Рокот за поднесување на апликации тече од 10 мај а ќе трае до 1 јули оваа година. Заинтересираните се во фаза на обезбедување на документација со која ќе аплицираат за помош од 10 илјади евра. Нивниот интерес е за повеќе области во земјоделството како подигнување на нови лозови и овошни насади и слично, соопшти Кузманова.

Таа нагласува дека им стојат на располагање на сите заинтересирани при обезбедување на потребните документи.

Извор: МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.