Младо момче избодено со нож во автобус

По само десетина дена од трагичната смрт на  20- годишното момче Никола Саздовски кое крвнички беше претепано на автобуска постојка во Автокоманда, вчера е нападнато и избодено со нож уште едно младо момче, кое според неофицијални информации,  е исто така припадник на навивачката група „Комити“.

Од полицијата информираат дека вчера, околу 23.15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека во автобус на ЈСП бр.22, кој сообраќал на релација Центар –Волково, во близина на Поликлиниката – Ѓорче Петров, по претходна вербална расправија на две групи, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка.

Притоа лицето Н.М. од Скопје се здобил со телесни повреди нанесени со нож во пределот на нозете по што е пренесен во болницата „8-ми Септември“ каде што му е укажана лекарска помош и е пуштен дома.

Две лица се приведени во полициска станица и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.