Младо момче се бори за живот на скопските клиники

Вчера на булеварот Видое Смилевски Бато во Скопје, возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (52) од Скопје удрило во оторцикл управуван од Б.Н. (19) од Скопје.

Во незгодата со тешки повреди се здобил возачот на моторциклот. Тој во коматозна состојба е пренесен и задржан на лекување на КАРИЛ. Како сопатник на моторциклот бил А.Р. (22). Тој бил задржан во Ургентниот центар и е во стабилна состојба.