Младо момче се бори за живот откако се прверте со скутер

Тешка сообраќајка на патот Скопје – Тетово, повредено дете

Младо момче се бори за живот на скопските клиники откако во текот на вчерашниот ден имало сообраќајна несреќа.

Како што информираат од МВР, вчера околу 19,20 часот на локалниот пат кој води од автопат клучка Камењане кон с.Камењане случена била сообраќајна незгода во која Б.А. (27) од с. Д.Палчиште, управувајќи Скутер  изгубил контрола над истиот и се превртел.

Во незгодата Б.А. се здобил со тешки телесни повреди каде со возило на ИМП бил пренесен во КБ-Тетово каде му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истиот бил префрлен во УЦ-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.