Младо момче загина во сообраќајка кај Оризаре

Тешка сообраќајка се случи вчеравечер во 19 часот на патот Куманово – Липково. Во несреќата животот го загуби дваесет и едногодишно момче.

Станува збор за Љуман М. од Слупчане кој управувал возило „Форд пума“ во близина на гробиштата кај селото Оризаре.

Момчето според полицијата, загубило контрола врз возилото, влегло во погрешна лента и удрило во објект крај патот.

Од повредите Љуман М. починал на самото место, а итната помош ја констатирала смртта.