Еден младоженец од Алжир поднел тужба против својата нововенчана сопруга откако прв пат ја видел без шминка.
Утрото по нивната свадба, мажот се разбудил и се шокирал кога ја видел неговата сопруга без шминка, јавуваат медиумите.
Овој „несреќен“ младоженец од Алжир дури помислил дека тоа не е неговата жена, туку се работи за некоја друга личност.
Таа изгледала како убавица и заводничка пред бракот, но кога се разбудил ден по свадбата ја видел сопругата без шминка и бил преплашен, затоа што мислел дека во прашање е крадец, наведува извор од локалните медиуми.