четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 69

Млечниот пат можеби се гаси?!

mlecen pat

Последни вести

Млечниот пат можеби веќе е мртва галаксија, која и понатаму е активна во вселената.

Галаксиите, изгледа, може и да исчезнат, односно да престанат да го претвараат гасот во ѕвезди.

Како и зошто галаксиите запираат со формирањето ѕвезди и менувањето на морфологијата и обликот е едно од најважните прашања со кои се занимаваат интергалактичките астрофизичари.

Со тоа се занимавал и еден аматер кој „прочешлал“милиони фотографии за да открие што се случува со Млечниот пат.

Основните поделби на галаксиите е на оние кои се спирални и преполни со сина светлина која потекнува од младите ѕвезди со кратко животен век и елиптични, со топол сјај и сревни ѕвезди.

Меѓутоа, модерните истражувања покажале дека постојат и многу преодни варијанти, па така, постојат црвени галаксии кои немаат елипсовиден облик и сини, кои не се спирални.

Забележани се и галаксии со зеленкасти нијанси, во кои процесот на создавање на нови ѕвезди полека се гаси, но и понатаму траат процесите за форирање на оние кои одамна се започнати.

Многу е тешко да се одреди што се случува во Млечниот пат, кој можеби е во процес на гаснење, но бидејќи сме во него, не можеме лесно да ги мериме неговите својства, како што е случајот со другите галаксии.

Сепак, сосема е возможно и Млечниот пат да започнал да се гаси пред милијарда години.

 

Најчитани вести