ММА со осуда за мешањето на СДСМ во внатрешното организирање на Телма

12 искусни новинари во „Телма“ прогласи за технолошки вишок
12 искусни новинари во „Телма“ прогласи за технолошки вишок

Македонската медиумска асоцијација со своите членки Аласат М, Канал 5, Алфа, Сител и Телма ја искажува својата остра реакција за некоректното и еднострано известување на дел од медиумите и електронските публикации.

ММА смета дека никој нема право да се меша во внатрешното организирање и работење на една приватна компанија, во овој случај телевизија која е наша членка, се вели во соопштението на ММА.

ММА го осудува мешањето на политичката партија СДСМ во внатрешното организирање и работење на Телма и се смета дека се прави само штета на процесот на финансиска стабилизација и реорганизација на телевизијата, се додава во соопштението.