Македонија

ММДЧП и АМКЧП ќе го зголемат фондот за организирање настава на македонски јазик во Албанија

ММДЧП и АМКЧП ќе го зголемат фондот за организирање настава на македонски јазик во Албанија

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) го зголемија фондот на средства за од ММДЧП и АМКЧП спонзорираните училишта на македонски јазик во Албанија, како и за ТВ програмата на македонски јазик во Корча, Албанија.

Пред извесно време, албански владини претставници и агенти на тајната служба упатија смртни закани до македонските наставници, физички ги напаѓаа и се обидоа да ги заплашат учениците, но приватните часови на македонски јазик сепак продолжија да се развиваат.

Најнов потег на албанската влада во обид да ја потисне употребата на македонскиот јазик е реорганизација на општините со македонско население и нивно присоединување во општини населени со Албанци. На тој начин ќе се намали процентот на Македонци во секоја област што на Албанија ќе и’ овозможи да го укине јавното образование на македонски јазик.

Тоа ќе има директно влијание врз општината Пустец во регионот на Мала Преспа, врз општините Острени, Стеблево и Требиште во регионот на Голо Брдо и врз општините Запот и Шиштавец во регионот на Гора. За време на средбите со локалните Македонци, министерот за локална самоуправа, Бленди Чучи, понуди „гаранција” дека општината Пустец нема да биде укината. Сепак, никакви гаранции не беа понудени за другите општини. Албанија воопшто не го признава постоењето на Македонците било каде освен во Пустец, а не па уште да им се обезбеди било какво јавно образование.

„Албанскиот парламент ќе гласа за овој предлог-закон на крајот на јули. Во меѓувреме, бараме од албанските власти и од претставниците на меѓународната заедница, општините во кои што живеат Македонци да не се укинуваат. Настојувањата на Албанија да ни го оспорува нашето право на образование во нашата мајчин јазик мора да запрат,“ вели Едмонд Османи, претседател на Месниот комитет на Македонската алијанса за европска интеграција од Голо Брдо.

Македонски организации редовно организираат потпишување на петиции и испраќаат барања до албанското Министерство за образование и до други образовни институции да им се овозможи настава на македонски јазик, но истите за жал се игнорираат.

“За среќа, во ваква ситуација пристапија ММДЧП и АМКЧП со одлуки да финансираат изучување на македонскиот јазик во неколку приватни училиштата и градинки, а сега ја прошируваат помошта и во други области каде што живеат Македонци, вклучувајќи ги регионите на Гора и Голо Брдо, како и градовите Корча, Подградец, Балишта и Врбник”, додаде Едмонд Османи.

Потребата од постоење на приватна телевизија на македонски јазик произлезе од недостатокот на македонски содржини на албанските телевизиски и од оневозможувањето пристап на македонските кандидатите за локалните избори.

Иронијата да биде уште поголема, Албанците се жалат на дискриминација во Република Македонија, и покрај вклучувањето на албанскиот јазик на универзитетско ниво, преземајќи притоа секакви можни мерки за да го лимитираат изучувањето на македонскиот јазик во Албанија.

ММДЧП и АМКЧП ја осудуваат од албанската држава диригираната континуирана дискриминација на македонското малцинство, барајќи истовремено од меѓународната заедница да се побара конечно одговорност. Ова се однесува и на неодамнешната резолуција на Советот на Европа со која што се бара од Албанија да обезбеди образование на сите свои малцински јазици.

ММДЧП и АМКЧП ќе продолжат да го зголемуваат фондот за организирање настава на македонски јазик низ цела Албанија. За да помогнете да се обезбеди егзистирање и развој на условите за употреба на македонскиот јазик во Албанија, ве молиме да ги помогнете Фондот за човекови права на ММДЧП или Фондот на АМКЧП за поддршка на македонските малцинства.