ММДЧП започна нова кампања „Нашето име е Македонија“

Македонското мeѓународно движење за човекови права (ММДЧП) започна нова кампања, „Нашето име е Македонија“, со која бара веднаш да престанат расистичките, антимакедонски преговори за името, со билборди во Скопје, Битола, Тетово, а наскоро и во други градови низ Македонија, заедно со телевизиски и радио реклами, огласи во весници и на интернет, прес-конференции и стотици илјади летоци.

ММДЧП ги повикува сите Македонци, но и другите кои ги поддржуваат најосновните човекови права, да се придружат на нашиот повик. „Бараме македонските организации да се огласат со изјави во поддршка на нашата кампања и да направат притисок Македонија ВЕДНАШ да ги прекине преговорите за името“, се наведува во соопштението на движењето.

Како што прашуваат на билбордите : КОЈ ВИ ДАДЕ ПРАВО ДА ПРЕГОВАРАТЕ ЗА МОЕТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ?

Специјалниот претставник на ООН, Метју Нимиц, тврди дека не се преговара за македонскиот идентитет, но преку Договорот со Бугарија, Законот за јазици, јавни изјави на македонски, американски и европски политичари гледаме дека се преговара токму за македонското ИМЕ и ИДЕНТИТЕТ, како директен резултат од преговорите за името. ММДЧП повторува дека сегашните граѓани и политичари на некоја земја немаат право да преговараат за вековен национален идентитет.

Како што Метју Нимиц неофицијално му кажа на ММДЧП: „Да бев Mакедонец, НЕМАШЕ да преговарам за името.“ И Нимиц и американскиот Стејт Департмент му кажаа на претседателот на ММДЧП, Бил Николов, дека НЕ БИ имало апсолутно никакви последици ако Македонија престане да преговара за името и идентитетот. Освен тоа, и покрај нивните јавни изјави, Стејт Департментот на САД кажа дека нема решение за прашањето за името, и ЕДИНСТВЕНИОТ логичен следен чекор би бил Македонија да ги ПРЕКИНЕ ПРЕГОВОРИТЕ.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.