ММФ ја дисквалификува Грција за финансиска помош

ММФ ја дисквалификува Грција за финансиска помош. Како што пишува лондонски „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на документ на Фондот, ММФ не може да учествува во третата финансиска помош за Грција, во оваа фаза.

ММФ ја дисквалификува Грција

На состанок што се одржал доцна вечер во средата, одборот на ММФ заклучил дека нивото на грчкиот долг е премногу високо и оти нивото на спроведување реформи од страна на Грција е премногу мало за земјата „да се квалификува за помош“ согласно правилата на Фондот, јавува МИА.

Инаку, преговарачите на ММФ и понатаму ќе учествуваат во разговорите за програмата за финансиска помош за Грција, но тие „не можат да постигнат договор на ниво на персонал во оваа фаза“.

ММФ ќе одлучи дали да ќе учествува во третиот пакет финансиска помош за земјата, дури откако Грција ќе постигне договор за сеопфатен сет на реформи и откако кредиторите од еврозоната ќе се договорат за отпишување на долгот.

Ова меѓу другото се вели во документот од четири страници до кој дошил „Фајненшл Тајмс“.

Лагард: Грчкиот долг може да стигне до 200 проценти од БДП

Лагард: Грчкиот долг може да стигне до 200 проценти од БДП
Лагард: Грчкиот долг може да стигне до 200 проценти од БДП

Инаку, пред обавите дека ММФ ја дисквалификува Грција за третиот пакет финансиска помош, вчера беше објавено дека Фондот ќе инсистира на прашањето за реструктуирање на грчкиот долг.

ММФ смета  дека е неизбежно да се направи реструктуирање на грчкиот долг  и тоа е услов за новиот договор за финансиска помош. Според  управниот директор на ММФ, Кристин Лагард, ММФ заклучил оти грчкиот долгот не е одржлив, затоа што може да достигне до 200 проценти од бруто домашниот производ.

Таа, исто така, нагласува дека во неколку наврати тврдела оти значително реструктуирање на грчкиот долг е неопходно за успех на која било програма за помош на земјата.

Грција со барање за нов заем од ММФ

Инаку, во саботата и официјално, Грција побара нов заем од ММФ. Барањето беше упатено во моментот кога претставници на грчката Влада во повеќе наврати повторија дека во текот на денот Атина ќе почне преговори со кредиторите за одобрување 86 милијарди евра вреден пакет помош за Грција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.