Свет

ММФ ги намали прогнозите за раст

ММФ ги намали прогнозите за раст

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали прогнозите за раст на глобалната економија, наведувајќи ја како причина заканата од украинската криза и забавување на големите пазари во експанзија.

Според оценките на ММФ, глобалната економија оваа година ќе оствари раст од 3,6 отсто, а следната од 3,9 отсто, кои што ќе ги предводат двете најголеми светски економии, САД и Кина.

Најновите прогнози за 0,1 отсто се пониски во однос на јануарските проекции, кога Фондот беше далеку пооптимистичен, се’ до моментот на избивање на кризата во Украина и присоединување на полуостровот Крим кон Русија.

И покрај тоа, глобалната економија, според оценките на ММФ, забележала поголем напредок во однос на минатата година.