ММФ го повикува Израел да ги ублажи стопанските рестрикции кон Палестина

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го повика Израел да ги ублажи стопанските ограничувања за Палестина, чија економија е во слабеење заради тензиите помеѓу двете страни.

„Продолжување на поддршката на донаторите Палестинци е од витално значење како и ублажувањето на оптите израелски ограничувања“, изјавил вчера Кристоф Дуенвалд, шеф на мисијата на ММФ за појасот Газа и Западниот брег.

Дуенвалд рекол дека палестинската економија е се послаба заради растечките тензии во регионот.

Според неговите зборови, во Палестина се зголемува  бројот на невработени што ја погодува половина од младата популација во Палестина.

ММФ во фебруари предвидел дека растото на Палестинското стопанство оваа година требало да биде 2,5 отсто во однос на 1,5 отсто во 2013 година.

Помеѓу Палестинците и Израелците последните денови расте тензијата отакако на Запдниот брег беа пронајдении телата на тројца млади Израелци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.