ММФ: Можно е отпишување на дел од долгот на Грција

ММФ: Можно е отпишување на дел од долгот на Грција

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира дека може да биде неопходно отпишување на дел од долгот на Грција, бидејќи земјата нема да биде во состојба да го враќа поради натамошното слабеење на структурните реформи и пад на првичниот буџетски дефицит, се наведува во извештај на Фондот, јави ТАСС, пренесе МИА.

Фондот ја намали прогнозата за растот на Грција од 2,5 на нула проценти во 2015 година, истакнувајќи дека земјата има потреба од нова помош од 36 милијарди евра од ЕУ во наредните три години, дури и да го одобри планот на кредиторите.

Ципрас порача на референдумот да се гласа со „НЕ“
Ципрас порача на референдумот да се гласа со „НЕ“

Вкупните финансиски потреби на земјата се зголемиле поради големи политички промени во Атина и се проценуваат на вкупно 50 милијарди евра до 2018 година, наведува ММФ.