ММФ одговорна за еболата?

Тројца угледни универзитетски професори укажуваат дека ММФ е делумно одговорен за ширењето на еболата бидејќи даваат предност на меѓународната отплата на долгови над финансирањето на здравството во Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја кои се најтешко погодени од епидемијата.

Кредитните услови на ММФ спречија ефикасно сузбивање на еболата од кое досега животот го загубија речиси 8.000 луѓе, наведуваат професорите во текст објавен во списанието The Lancet Global Health.

– ММФ тврди дека бил еден од актерите за изнаоѓање решение за кризата….Сепак, дали можеби ММФ придонесе за околностите кои придонеа за почеток на кризата, наведуваат професорите Александар Кентикеленис, Мартимн Маки и Дејвид Стаклер од универзитетите Кембриџ и Оксфорд.

– Барањата на ММФ до владите на државите каде е потребна помош придонесоа за пропаѓање на здравството во трите држави, тврдат британските професори, а како причини ги наведуваат и граѓанските војни во Либерија и Сиера Леоне.