Македонија,Економија

Македонија колабира економски ММФ предупредува: Македонскиот долг загрижувачки брзо расте

ММФ предупредува: Македонскиот долг загрижувачки брзо расте

Македонија има загрижувачки брз пораст на јавниот долг, па затоа има и итна потреба од посилна фискална консолидација, се вели во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за финансиската состојба на земјава. Предупредувањата се дека до 2022 година долгот на Македонија би можел да достигне дури 53 отсто.

ММФ вчера на својата интернет страница објави заклучок од консултациите со Македонија, во врска со економската состојба на земјава.

ММФ потенцира дека Македонија мора да ги зголеми приходите на пари во државната каса од даноци, со зголемување на данокот на имот и на данокот на горивата. Понатака, ММФ препорачува дека Македонија треба да раоти на подобрување на трошењето преку рационализација на субвенциите и подобро насочување на социјалните трошоци и обезбедување одржливост на пензиите.

ММФ, исто така, ги повика македонските власти да го интензивираат темпото на структурни реформи за зголемување на вработеноста и зголемување на продуктивноста.

За да се зачува конкурентноста и фискалната одржливост, земјата, исто така, треба да го задржи растот на платите во согласност со развојот на продуктивноста, смета ММФ.

Меѓународниот монетарен фонд очекува економскиот раст на Македонија да се намали на 1,9 отсто, годинава, од 2,4 отсто регистриран лани.

Економската активност беше поддржана од приватната потрошувачка и извозот, додека негативните ефекти од пролонгираната политичка нестабилност ги ограничија инвестициите и го забавија кредитниот раст, наведува ММФ.