ММФ пушта уште една транша од финансиската помош за Кипар

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) пушти уште една транша од финансиската помош за Кипар, јавува АФП.

ММФ соопшти дека на Кипар му се ставени на располагање 83,5 милиони евра. Вкупната сума од тригодишниот мултимилијарден заем за островската држава доделена досега од Фондот, изнесува 250 милијарди евра.