ММФ: Светската економија полека закрепнува

Глобалната економија полека закрепнува, е заклучокот на состанокот на највисоките претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Фондот оценува дека со доброто спроведување на економските програми е возможно да се избегнат ризиците кои што можат негативно да влијаат на закрепнувањето.

„Нашата основна заедничка цел е креирање на динамични, оддржливи и балансирани економии, со големи можности за вработување“, се наведува во соопштението на ММФ.

Од состанокот била испратена порака дека е неопходно да се направи се’ со цел да се забрза економскиот раст, кој ќе ја намали се’ уште високата невработеност.