Мнангагва треба да биде именуван за привремен шеф на државата

Поранешниот претседател на Зимбабве, Емерсон Мнангагва треба во средата да биде именуван за привремен претседател, по оставката на Роберт Мугабе во вторникот, според портпаролот на владејачката партија ZANU-PF, која претходно од своето членство го исклучи Мугабе.

„Поранешниот потпретседател Мнангагва треба да ја положи свечената обврска на претседателската должност на 90 дена“, изјави портпаролот Сајмон Каја-Мојо.

Мугабе го смени Мнангагва од неговата потпретседателска должност на 6-ти ноември. Ви неделата партијата ZANU-PF го именуваше за претседател на партијата, каде што исто така го наследува Мугабе.

Емерсон Мнангвагва во вторникот вечерта сѐ уште престојуваше во странство и треба во рок од 24 часа да се врати во Зимбабве, појасни Каја-Мојо.

Роберт Мугабе во вторникот попладнето објави дека поднесува оставка по повеќедневните повици и од неговите сопартијци и од странство, по 37 години минати на власт, кус време откако парламентот за започна постапката за негово сменување.

Мугабе цела седмица настојуваше да се одржи на власт откако војската ја преземе управата над земјата, а неговата партија ZANU-PF го исклучи од своето членство и исто така побара од него да ја напушти претседателската должност.

Кога претседателот на парламентот Џејкоб Муденда ја објави оставката на Мугабе и прекин на постапката на смена на заедничката седница на парламентот пратениците почнаа бучно да слават.

Војската минатата среда ја презема власта, протестирајќи против одлуката на претседателот да го смени потретседателот Мнангагва, фаворитот на партијата ZANU-PF за наследник на Мугабe, кој поради својот жесток карактер беше познат под прекарот Крокодил.

По смената на Мнангагва, големи шанси за наследник на Мугабе имаше неговата нескротлива и трошаџиска сопруга Грејс, што генералштабот не сакаше да го прифати.

Војската во вторникот го повика населението на „најголема можна воздржаност“ и на „почитување на законот“, откако оставката на Мугабе предизвика одушевување ширум земјата.

„Имајќи ги предвид последните настани во земјата, силите на одбраната и безбедноста сакаат да ги повикаат сите Зимбабвеанци од сите политички бои да бидат воздржани и во целост да го почитуваат законот и поредокот“, изјави командантот на генералштабот Константино Чивенга за новинарите во Хараре.