Многу неправилности и тензии во Карпош

На избирачкото место 2618 во Нерези недостасувале две гласачки ливчиња, во обид да се прави бугарски воз. Гласањето е запрено.  За ова се известена ДИК и МВР.

Исто така и во Влае, на гласачко место 2645 спречен е обид да се дадат две ливчиња на еден гласач со цел да се направи бугарски воз.
И на двете места каде е што е направен обид за правење на „бугарски воз“, се места каде што СДСМ според анкетите губи со голема разлика.

На повеќе избирачки места утврдено е дека недостасуваат гласачки ливчиња сосе кочанот.

Во Злокуќани, полициски сили Алфи запираат и претресуваат ромско население кое оди на гласање, со цел да изврши притисок врз граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.