Мнозинството Американци не го одобруваат односот на Трамп кон Русија

Повеќето Американци не ги одобруваат акциите на американскиот претседател, Доналд Трамп против Русија,покажале резултатите од последното истражување на агенцијата Галуп.

Трамп во анкетите најлошо котира во однос на екологијата и односите со Русија, велат од Галуп, од каде додаваат дека 61 отсто од Американците не ја одобруваат политиката на Трамп кон Русија.

Според агенцијата, процентот на оние кои ги одобруваат постапките на Трамп во областа на надворешните работи паднал од 46 на 39 отсто, но се верува дека овој пад исто така има врска со трговската војна со Кина.

Во однос на односите со Русија, процентот на оние кои ја поддржуваат оваа политика не се сменил од февруари, наведува Спутник.