петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 0

Mнозинството Британци го поддржуваат напуштањето на ЕУ

Анкетата направена минатата седмица, покажува дека 45 отсто од Британците се изјасниле дека се за напуштање, а 41 отсто го сметаат спротивното.

Mнозинството Британци го поддржуваат напуштањето на ЕУ

Mнозинството Британци го поддржуваат напуштањето на ЕУ

Последни вести

Бројот на поддржувачите на излегување на Велика Британија од Европската Унија е за 4 процентни поени повисок од спротивниот табор – оние што сметаат дека не треба да се напушти, вели најновото истражување на јавното мислење на Ју-гов, порачано од утринската програма на телевизијата ИТВ, пренесува БТА.

Анкетата направена минатата седмица, покажува дека 45 отсто од Британците се изјасниле дека се за напуштање, а 41 отсто го сметаат спротивното.

Според едно друго истражување пак, направено последната седмица од мај, а објавено денеска од агенцијата ТНС (Компанија за глобално пазарно истражување), поддршката за Брегзит е 43 отсто, а 41 отсто – за останување во ЕУ. Разликата е во рамките на статистичка грешка на проучувањето, а16 проценти од анкетираните одговориле дека се уште не се зазеле став по прашањето.

Најчитани вести