Мнозинството Бугарија бараат договор за добрососедство пред прием на Македонија во ЕУ

Педесет и шест отсто од граѓаните на Бугарија сметаат дека пред почнувањето на преговорите за прием на Македонија во Европската Унија треба да се склучи договор за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење за ставот на бугарските граѓани кон членството на Македонија во ЕУ спорведено од Агенцијата АФИС, јавува бугарската новинска агенција „Фокус“.

На прашањето за кого ќе биде корисно влегувањето на Македонија во ЕУ, 39 отсто од Бугарите одговориле дека тоа ќе биде најкорисно за Македонија, една петтина од испитаниците сметаат дека тоа ќе биде корисно за самата Унија.

Девет отсто од Бугарите се најнегативно настроени и сметаат дека тоа нема да биде корисно за никого.

Според анкетата, како што јавува „Фокус“, повеќе од половина од испитаниците сметаат дека Македонците се Бугари, но не се декларираат како такви, четири отсто сметаат Македонците се свесни дека се Бугари, додека 61отсто сметаат дека претходно разбирање меѓу Македонија и Бугарија е неопходно за нормален преговарачки процес.

Анкетата открива дека 44 отстo од Бугарите сметаат дека Бугарија треба да и’ помогне на Македонија да влезе во ЕУ, а 27 отсто не го делат тоа мислење, 34 отсто од испитаниците се чувствуваат блиски со Македонија, 63 отсто сметаат дека граѓаните на Република Македонија се Бугари, а 3,8 отсто смета дека тие не се Бугари.

Според истражувањето, 36 отсто од бугарските државјани ја оценуваат политиката на Република Македонија кон нејзините соседи како целосно негативна додека позитивна оценка даваат само 10 отсто. За 16 отсто од Бугарите, односите се малку или многу „топли“, за двојно повеќе преовладуваат „студените“ односи. Анкетата открива дека 14 отсто од бугарските граѓани го чувствуваат македонскиот нардок како „многу близок“, а  за другите 30 отсто тој е речиси близок. Сепак, на ова прашање мнозинството граѓани не можеле да дадат мислење по ова прашање.

Голем дел од Бугарите односно 66,5 отсто сметаат дека најголемите спорови меѓу двете земји се околу историското наследство.

Анкетата е направена на барање на Европскиот парламент, пишува „Фокус“, благодарение на бугарскиот европратеник Евгени Кирилов. Анкетирани се 1050 лица на возраст од 18 до над 60 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.